Кратко претставување
Нашата приказна започна во 2005 година во Келн. Јасно се фокусиравме на регрутација на правилниот кадар и креиравме 'office people', име кое ја симболизира и нашата експертиза и посветеност кон изнајмувањето на работници преку лизинг услугите кои нашите канцеларии ги нудат.
Од овие скромни почетоци брзо и органски растевме, станувајќи една од водечките компании за регрутрација и лизинг на кадар во Германија, со бројни филијали низ целата држава.
Денес, поточно 2 децении подоцна, сме горди што можеме да ги понудиме нашите услуги во цела Европа, со преку 100 претставништва низ Европа кои се спремни да помогнат на претпријатијата и кандидатите за работа. Се прошириваме преку различни граници и култури, но нашата основна мисија останува иста: "Ние ги поврзуваме луѓето и можностите".
Нашето широко портфолио на услуги нуди решенија за компании од секаква големина: од изнајмување на работници, преку посредување при наоѓањето на кадар, до консултантски услуги во доменот на човековите ресурси. Но, ние не сме тука само за компаниите. На кандидатите за работа им нудиме многу можности, од работа на одредено време и посредување во наоѓањето на кадар во различни области, до полно работно време во компаниите со кои соработуваме.
Нашата мисија е едноставна: Ние ги поврзуваме луѓето и можностите. И иако во последните години значително пораснавме, нашата посветеност кон оваа мисија останува непроменета. Контактирајте не и откријте што office people може да направи за вас.
За компании
Кои се предностите од соработката со office people?
Наши стручни консултанти за вас го преземаат целиот процес на вработување, од објавување на огласот за работа до спроведување на интервјуа, како би можеле вие да се фокусирате на вашиот основен бизнис.
Со тоа што го препуштате вашиот регрутациски процес на стручни лица, можете да заштедите значајни трошоци и во исто време да го искористите нашето искуство.
Го цениме долгорочниот однос со нашите клиенти и обезбедуваме постојана поддршка и советување за да гарантираме дека вашите потреби во однос на регрурација и HR се секогаш задоволени.
Ако сте заинтересирани да ги најдете најдобрите таленти за вашиот бизнис, истовремено минимизирајќи ги трошоците и напорите околу регрутирањето на кадри, Office People е правилната адреса за вас.
Дозволете ни заедно да го доведеме вашиот бизнис до успех.
Како функционираме?
Формулар за контакт
Вашето барање за наоѓање на кадар
Датум за почеток
До
Ве молиме тука наведете ги сите ваши дополнителни барања. На пример,области на делување, конкретни специфични вештини и знаења или потребна возачка дозвола, познавање на јазик, итн
Тука имате можност слободно да наведете повеќе детали за вашето барање.